Во антитерористички операции кај Дијарбакир и Мардин се неутрализирани тројца терористи

Во реализираните антитерористички операции кај градовите Дијарбакир и Мардин,во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани тројца терористи

1266407
Во антитерористички операции кај Дијарбакир и Мардин се неутрализирани тројца терористи

Во рамките на реализираните антитерористички операции за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата, се неутрализирани тројца терористи од кои двајца кај градот Дијарбакир, а еден терорист кај градот Мардин.

Според обајвеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во реализираните антитерористички операции од страна на Командите на градските жандармериски сили на градот Дијарбакир и градот Елазиг во областа Ѓоресе кај Дијарбакир, се неутрализирани двајца терористи.

Во реализираната заедничка операција од страна на Командата на градската жандармерија и Управата на полицијата во градот Мардин во населеното место Артуклу пак, беше неутрализиран еден терорист.

Како што се истакнува, неутрализираниот терорист овде, бил познат под кодното име „Азад“, бил одговорен за Савур и делувал како одговорно лице за таканаречената „провинција Мардин“.

Од друга страна, според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во реализирана операција од страна на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар кај градот Ван се неутрализирани двајца терористи. 

Операциите против терористите во подрачјата на градовите Дијарбакир, Мардин и Ван продолжуваат.



Слични вести