Мевлут Чавушоглу: Турција и кипарските Турци имаат црвени линии во однос на Кипарското прашање

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со својот црногорски колега Срџан Дармановиќ истакна дека Турција и кипарските Турци имаат црвени линии во однос на Кипарското прашање

1266857
Мевлут Чавушоглу: Турција и кипарските Турци имаат црвени линии во однос на Кипарското прашање

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара по остварената средба лице в лице и меѓуделегациските разговори, одржа заедничка прес конференција со министерот за надворешни работи на Црна Гора Срџан Дармановиќ.

Во оваа пригода, Чавушоглу во врска со Кипарското прашање истакна дека Турција не исклучува ниту една опција и дека Таа и претходно рече дека треба да се разгледат и други опции.

Тој напомена дека Турција и кипарските Турци имаат црвени линии во однос на Кипарското прашање.

Подвлекувајќи дека треба да се оди на преговори кои што ќе бидат фокусирани на постигнување конечен резузлтат и рамковниот документ за прегови треба да биде јасен, Чавушоглу рече: „Постојат црвени линии кои што се чувствителни и без кои се не може за нас и за кипарските Турци. Најзначајниот елемент пак, се политичката еднаквост, ефикасното учество и ротирачкото претседателство. И тие треба јасно да се утврдат однапред и да се извадат од дискусија.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека Турција отсекогаш го поддржува решението и го додаде следното: „Наредниот процес треба да треба да биде фокусиран на постигнување конечен резултат и со јасна рамка, така што ние како Турција и страна на Кипар уште еднаш не би можеле да поднесе одреден неуспех. Сметаме дека нема смисла и да почнеме со преговори само на збор.“



Слични вести