Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи го прими министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу

На приемот во претседателскиот дворец, присуствуваа и амбасадорот на Турција во Лефкоша Али Мурат Башчери, портпаролот на претседателството Бариш Бурџу и генералниот директор на Одделот за Кипар при МНР амбасадорот Чагатај Ерџијес

1266108
Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи го прими министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи го прими министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Лефкоша.

На приемот во претседателскиот дворец, присуствуваа и амбасадорот на Турција во Лефкоша Али Мурат Башчери, портпаролот на претседателството Бариш Бурџу и генералниот директор на Одделот за Кипар при министерството за надворшени работи амбасадорот Чагатај Ерџијес. 

По средбата која што траеше приближно 1,5 часа, под претседателство на претседателот Мустафа Акинџи се премина на состанок околу тркалезна маса на кој учествуваа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и претсдателите на политичките партии кои се претставени во Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

На состанокот, покрај претседателот Мустафа Акинџи и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу присуствуваа и претседателот на Партијата за национално единство и премиер Ерсин Татар, претседателот на Народната партија и вицепремиер и министер за надворешмни работи Кудрет Озерсај, претседателот на Републиканската турска партија Туфан Ерхурман, претседателот на Социјалистичката демократска партија Џемал Озјигит, претседателот на Демократската партија Сердар Денкташ и претседателот на Партијата за преродба Ерхан Арикли. 

 



Слични вести