Чавушоглу: „Никој не може да ги сопре активностите на Турција во Источниот Медитеран“

Тоа што треба да направите е да научите да ги споделувате заедничките добра

1265822
Чавушоглу: „Никој не може да ги сопре активностите на Турција во Источниот Медитеран“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека „никој не може да ги сопре активностите на Турција во Источниот Медитеран“.

Во рамките на посетата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) министерот Чавушоглу во Нов Еренќој оствари средба со граѓаните.

Во говорот во оваа прилика Чавуошглу рече дека Турција и турскиот народ секогаш, без двоумење и без отстапки се и ќе останат на страната на Кипарско турскиот народ.

„Турската страна со предлогот за формирање заедничка комисија предложи многу поволен, разумен, праведен и решлив предлог во врска со споделувањето и искористувањето на природните ресурси на Источниот Медитеран“ рече Чавушогли и додаде:

„Но за жал Кипарско грчката страна, веднаш по самото објавување на предлогот, истиот го одби. Бидејќи нивната мака е друга. Затоа од тука уште еднаш сакаме да ги предупредиме: во кого имате доверба и на кого се наслонувате, без оглед на тоа дали се работи за ЕУ или Грција, или некоја друга сила, многу добро треба да знаат дека не ќе можат да ги спречат нашите активности во Источниот Медитеран. Тоа што треба да направите е да научите да ги споделувате заедничките добра“.

„Кипарско грчката страна и покрај предупредувањата на Турција продолжува со јаглеводородните активности и истражувања во Источниот Медитеран“ потсети Чавушоглу и потенцираше:

„Затоа ние им рековме дека во врска со јалеводородните богатства на Кипар  и во околината истото право го имаат и Кипарските Турци. Турција нема да дозволи да биде прекршено нивното право“.

„Исто така турската старана веќе нема трпение во врска со Кипарското прашање и Кипарско турскиот народ ќе покаже многу поцврст став во однос на заштитата на своите права кои се до денес за жал беа занемарени. Додека од една страна ќе стоиме цврсто исправени, од друга страна ќе продолжиме да работиме“ рече министерот Чавушоглу.

Мевљут Чавушоглу во оваа прилика ја објави радосната веста дека во Газимагоса (Фамагуста) ќе се отвори Генерален конзулат на РТ.



Слични вести