Телефонски разговор помеѓу началниците на генералштабовите на Турција и САД, Ѓулер и Данфорд

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер го информира својот американски колега генерал Џозеф Данфорд дека безбедната зона во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија треба да се формира без да се губи време

1265429
Телефонски разговор помеѓу началниците на генералштабовите на Турција и САД, Ѓулер и Данфорд

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер оствари телефонски разговор со својот американски колега, началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд.

Генерал на армија Ѓулер го информира својот американски колега генерал Џозеф Данфорд дека безбедната зона во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија треба да се формира без да се губи време.

Во објавеното соопштение на сметката на Министерството за нацонална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер оствари телефонски разговор со началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд.

Во соопштението се вели следното: „Во разговорот, од страна на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер беа доставени нашите познати стаови и очекувања во врска со безбендата зона во источниот дел на Еуфрат во Сирија и беше нагласена потребата од формирање на зоната за којашто станува збор во подрачјето, без да се губи време, а во рамките на утврдените принципи согласно календарот.“



Слични вести