Октај: Во случај на нов бегалски бран од Идлиб, Турција не е во можност да прифати поголем број бегалци

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека доколку се појави нов бран бегалци од сириски Идлиб, Турција не е во можност да прифати поголем број бегалци.

1265306
Октај: Во случај на нов бегалски бран од Идлиб, Турција не е во можност да прифати поголем број бегалци

Потпретседателот Фуат на кој учествува на 45. Форум Амбросети којшто се одржува во италијанскиот град Чернобио за телевизискиот канал "Блумберг" направи проценка на актуелниот дневен ред. 

Октај истакна дека доколку се појави нов бегалски бран од Идлиб во Сирија, Турција не е во можност да прифати поголем број бегалци.

На прашањето "Дали се соочуваме со нов бегалски бран од Сирија?", Фуат Октај рече: "За жал, да. Меѓутоа, ние како Турција вложуваме сериозен напор за воспоставување на мирот во тоа подрачје."

Велејќи дека Европа многу повеќе е фокусирана на сопствените проблеми и го заборави бегалскиот проблем, Октај рече: "Основниот проблем за Европа се нејзините сопствени странски борци."

Тој појасни дека продолжуваат нападите врз Идлиб и дека овде режимот ги бомбардира болниците, училиштата и цивилите.

Октај напомена дека Турција е домаќин на 3, 7 милиони бегалци и ја изнесе следната констатација: "Европа треба да го разбере следното, во случај да дојде до одреден нов бегалски бран од Сирија, Турција не е во можност да згрижи поголем број бегалци. Европа треба да се соочи со овој ризик. Турција не може да го сноси сама овој товар."

Нагласувајќи дека Турција не прави поделба на тероризмот на верска, географска или етничка основа, потпретседателот Фуат Октај додаде дека сириските цивили не би требало да платат сметка поради тероризмот.



Слични вести