Заедничка вежба на азербејџанските и турските воздушни сили „Орел ТурАз 2019“

Во рамките на годишниот план за воена соработка на азербејџанските и турските воздушни сили кој започна на 2 септември, вчера на четвртиот ден од воената вежба „Орел ТурАз 2019“ беа остварени заеднички воздушни летови и беа извежбани различни задачи

1264665
Заедничка вежба на азербејџанските и турските воздушни сили „Орел ТурАз 2019“

Во Азербејџан продолжува заедничката воена вежба на азербејџанските и турските воздушни сили „Орел ТурАз 2019“ („TurAz Kartalı 2019“).

Според објавеното соопштение вчера од Министерството за одбрана на Азербејџан, во рамките на годишниот план за воена соработка кој што се реализира од страна на азербејџанските и турските воздушни сили и кој започна на 2 септември, вчера на четвртиот ден од воената вежба „Орел ТурАз 2019“ беа остварени заеднички воздушни летови и беа извежбани различни задачи.

На воената вежба од двете земји учествуваат приближно 30 воздушни летала и тоа воени авиони од типот Mig-29, F-16, Su-25, транспортен авион CASA, како и воени хеликоптери од типот Mi-35, Mi-17, Sikorski UH-70, CH-47 Chinook и ATAK/AH-1W

На воената вежба „Орел ТурАз 2019“ („TurAz Kartalı 2019“) која ќе трае до 16 септември во својство на посматрачи учествуваат и воени претставници на Пакистанските воздушни сили.



Слични вести