Расте бројот на семејствата кои се приклучуваат на протестот пред ХДП и кои си ги бараат своите деца

Бројот на семејствата кои се приклучија на протестот со седење на мајките чии деца од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК биле измамени и присилно однесени на планина, се зголеми на 11

1265022
Расте бројот на семејствата кои се приклучуваат на протестот пред ХДП и кои си ги бараат своите деца

Со секој поминат ден растат реакциите коишто започнаа со мајката Хаџире Акар која за да го врати назад своето дете кое било измамено и присилно однесено на планина од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и која на крајот од четиридневниот протест успеа да го земе и откине својот син од рацете на терористичката организација.

Бројот на семејствата кои се приклучија на протестот со седење на мајките чии деца од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК биле измамени и присилно однесени на планина, се зголеми на 11.

Мајката Ајсел Којун, велејќи дека нејзиниот син бил присилно однесен на планина пред 4 години 7 месеци и 21 ден, се приклучи кон протестот со седење пред седиштето на Демократската партија на народите (ХДП) во градот Дијарбакир.

Семејствата истакнуваат дека во присилното носење на нивните деца на планина посредувала ХДП.

Мајките кои го продолжуваат протестот со седење ја изнесуваат својата реакција против ХДП и бараат да им бидат вратени назад децата кои биле измамени и присилно однесени на планина.

Бројот на семејствата кои протестираат со седење пред седиштето на Демократската партија на народите (ХДП) во градот Дијарбакир со секој поминат ден расте, а продолжува да расте и поддршката која што им се дава од страна граѓаните.

Голем број лица, а пред се народот од подрачјето, им носат храна и вода на семејствата.



Слични вести