Фуат Октај: Турција не е складиште за бегалци и нема да го плати цехот на кризите предизвикани од Западот

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција не е складиште за бегалци и не е земја која ќе го плати цехот на кризите предизвикани од западните земји

1264897
Фуат Октај: Турција не е складиште за бегалци и нема да го плати цехот на кризите предизвикани од Западот

Потпретседателот Фуат Октај учествува на 45. Форум Амбросети кој што се одржува во италијанскиот град Чернобио и овде се обрати пред присутните.

Октај во својот говор истакна дека Турција не е складиште за бегалци и не е земја која ќе го плати цехот на кризите предизвикани од западните земји.

Осврнувајќи се на сириската криза и мигрантскиот проблем, Фуат Октај во врска со последната изјава на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган дека „доколку не бидат одржани дадените зборови од страна на западните земји Турција ќе ги отвори своите врати за мигрантите да заминат за Европа“, го рече следното: „Тоа не претставува ниту закана, ниту блеф. Тоа претставува реалност.“

Октај рече: „Приодот и спокојството од видот на тоа дека ионака ако започне нов бегалски бран Турција ќе ќе справи со тоа, апсолутно претставува погрешно спокојство и погрешен приод.“

Во врска со предлогот на рускиот претседател Владимир Путин „Турција да биде вклучена во Г-7“ пак, потпретседателот Фуат Октај го изнесе следното: „Турција кон прашањето не гледа од димензијата на запад-исток или од еден различен блок, туку гледа од димензијата на сопствените интереси.“

Октај додаде дека Турција претставува сериозна прилика и за истокот и за западот.



Слични вести