Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со Џон Болтон

Главна тема на разговорот беа случувањата во Сирија и билатералните односи

1263922
Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со Џон Болтон

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот на државата оствари телефонски разговор со Џон Болтон советникот за национална одбрана на САД. Главна тема на разговорот беа турско-американските односи и регионалните случувања.

Во соопштението кое беше објавено од страна на портпаролоството на кабинетот на претседателот беше истакнато дека Калин и Болтон на телефонскиот разговор разменија мислења во врска со случувањата во Сирија, формирањето и воспоставувањето безбедна зона на северната страна на оваа земја, борбата против тероризмот, билатералните трговски односи меѓу двете земји, последната состојба во Либија.

На разговорот беа анализирани и последните прашања во врска со кои претседателот Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа на последниот телефонски разговор.

Калин и Болтон разговараа и за претстојната средба меѓу претседателите Еродган и Трамп во рамките на претстојното Генерално заседание на ОН во Њујорк што ќе се одржи од 22 до 25 септември.

На средбата беа разменети мислења во врска со чекорите што треба да се фрлат за забрзување на активностите за формирање на безбедната зона на северот на Сирија, зачувување на меморандумот за Идлиб,  окончување на активностите за формирање на Уставната комисија, решителноста за преземање санкции и чекори за спречување на евентуалните човечки драми и бегалски бранови.

Спроведувањето на заедничкиот оперативен план на Турција и САД и спремноста на Турција која ги заврши подготовките на тоа поле беше една друга тема за која разговараа Калин и Болтон.

На разговорот беше подвлечено на значењето на претстојната посета на американскиот министер за трговија Вилбур Рос на Турција и забрзувањето на остварувањето на предвидената цел од меѓусебна трговска размена во износ од 100 милијарди долари.



Слични вести