Од Ердоган до Западните земји: Ќе бидеме приморени да ги отвориме нашите врати за мигрантите да заминат за Европа

Претседателот Ердоган ги повика Западните земји да стојат на своите дадени зборови, да ги одржат своите ветувања и да и дадат поддршка на Турција и дека во спротивно ќе бидат отворени вратите за мигрантите да заминат за Европа

1264225
Од Ердоган до Западните земји: Ќе бидеме приморени да ги отвориме нашите врати за мигрантите да заминат за Европа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на претседателите на градските организации на својата владејачка партија во проширен состав, Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата).

Ердоган во својот говор нагласи дека Западните земји не ги одржуваат ветувањата кои што и ги дадоа на Турција за мигрантите во врска со што ги повика Западните земји да стојат на своите дадени зборови и да и дадат поддршка на Турција и дека во спротивно ќе бидат отворени вратите за мигрантите да заминат за Европа.

„Ако не биде формирана безбедна зона ќе бидеме приморени да ги отвориме вратите. Ако давате поддршка дајте, ако не давате, ќе бидеме приморени да ги отовриме вратите. Зарем овој товар ќе го сносиме само ние? Не можевме да ја добиеме поддршката која што требаше да ја добиеме од светот на чело со Европската унија (ЕУ), по прашањето на споделување на товарот на мигрантите кои што ги згриживме. За да ја добиеме оваа поддршка би можеле да бидеме приморени да го направиме тоа (да ги отвориме вратите).“ - порача Ердоган. 

Велејќи „Ние сме одлучни до последната недела на септември де факто да го започнеме формирањето на безбедната зона во источниот дел на реката Еуфрат, онака како што посакуваме ние“, рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го подвлече следното: „Нашата цел е најмалку 1 милион од нашите сириски браќа да ги сместиме во безбедната зона која што ќе ја формираме 450 километри во должина на границата.“



Слични вести