Ердоган: „Во 2020 планираме раст од 5 отсто“

Годинава очекуваме посета на 52 милиони туристи и тоа ќе б иде најголема бројка во историјата на Републиката

1263883
Ердоган: „Во 2020 планираме раст од 5 отсто“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека во 2020 година планираат раст од 5 отсто.

Во говорот на Економскиот форум за централна Анадолија во градот Сивас претседателот Реџеп Тајип Ердоган потсети дека извозот на земјата ид 36 милијарди долари се зголеми на 170 милијарди и додаде:

„До 2023 година планираме Турција да велзе меѓу првите 10 економии во светот.

Забележуваме сериозен раст и во туризмот и особено бројот на туристите коишто доаѓаат во посета на земјава. Годинава очекуваме посета на 52 милиони туристи и тоа ќе б иде најголема бројка во историјата на Републиката.

Од аспект на динамичната структура на пазарот и моќта на интегрирање во глобалниот систем турската економија и во претстојниот период ќе биде една од економиите во подем.

Заедно со бизнисмените шетаме по целиот свет за да најдеме нови пазари, да воспоставиме нови односи. Владата активно ги поддржува сите турски и глобални претприемачи кои доаѓаат во нашата земја да инвестираат. Се надеваме дека кон крајот на 2019 година ќе заврши процесот на закрепнување на економијата и почнувајќи од идната година ќе го започнеме потфатот за нов економски раст.

Турција со операциите на северната страна на Сирија и Ирак истовремено ја зајакнува безбедноста на земјата, додека во Источниот Медитеран покажуваме цврст став во одбраната на нашите права“ рече Ердоган.



Слични вести