Во антитерористичките операции во Турција во месец август се неутрализирани 117 терористи од кои 10 од т.н. водечки кадар

Заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли истакна дека во рамките на антитерористичките операции во земјата во месец август се неутрализирани вкупно 117 терористи од кои 10 од таканаречениот водечки кадар

1263688
Во антитерористичките операции во Турција во месец август се неутрализирани 117 терористи од кои 10 од т.н. водечки кадар

Во реализираните операции за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата во месец август се неутрализирани вкупно 117 терористи од кои 10 од таканаречениот водечки кадар.

Заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли во говорот што го одржа на месечниот брифинг истакна дека во текот на август се реализирани вкупно 10.800 антитерористички операции во руралните подрачја од кои 3 од голем и 36 од среден обем, а во градовите се реализирани вкупно 895 антитерористички операции. 

Велејќи дека во сиве овие операции се неутрализирани вкупно 117 терористи од кои 10 од таканаречениот водечки кадар, Чатакли рече дека едниот од неутрализираните терористи се наоѓал во категоријата означена со портокалова боја, а 7 во категоријата означена со сива боја.

Освен тоа во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека на 17 август со учество на 2.300 војници е започната операцијата Киран-1 (Дробилка-1) во градовите Хаќќари, Ширнак и Ван, а потоа со учество на 1.500 војници е започната операцијата Киран-2 (Дробилка-2) во градовите Ширнак, Мардин и Батман.

Во соопштението воедно се вели дека во рамките на операциите Киран (Дробилка) се неутрализирани 12 терористи.

 

 



Слични вести