Претседателот Ердоган: Не се одржуваат ветувањата кои што и се даваат на Турција

Претседателот Ердоган одржа заедничка прес конференција со премиерот на Република Чешка Андреј Бабиш кој допатува во официјална посета на Турција

1263385
Претседателот Ердоган: Не се одржуваат ветувањата кои што и се даваат на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, се состана со премиерот на Република Чешка Андреј Бабиш кој допатува во официјална посета на Турција.

По средбата лице в лице и разговорите помеѓу делегациите на двете земји, претседателот Ердоган и чешкиот премиер Бабиш одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган појасни дека не се одржуваат дадените ветувања по прашањето на формирање на безбедна зона во северниот дел на Сирија и истакна дека затоа се фрлаат потребните чекори против можните закани против Турција.

Велејќи дека не е добиена потребната поддршка по прашањето на формирање на безбедна зона во северниот дел на Сирија, Ердоган рече: „Моментално самите ја поставуваат на дневен ред безбедната зона, а кога ќе речеме ајде, не можеме да најдеме соговорник пред нас и моментално безбедната зона остана само на збор и не станува збор за одредена друга ситуација.“

На дневниот ред на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на прес конференцијата, се најде и човечката драма во подрачјето на градот Идлиб во Сирија во врска со што истакна дека Идлиб полека се уништува.

„Не е можно да се остане безгласен пред сето тоа. Ги одржавме и ги одржуваме нашите разговори со Русија. Пред нас се наоѓа на дневен ред средбата меѓу Русија, Турција и Иран. Во текот на овојмесец повторно ќе ги оствариме овие разговори. Меѓутоа, нашата цел е да бидат фрлени некои чекори, пред Женева.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган се осврна и на прашањето со мигрантите при што покажа реакција и поради тоа што Европската унија (ЕУ) не ги одржува ветувањата кои што и ги даде на Турција по ова прашање.

Тој рече: „Инвестирањата кои што ги реализиравме ние досега достигнаа до приближно 40 милијарди долари. Меѓутоа, за жал од ЕУ не изнесуваат ниту 3 милијарди евра. Се уште се оди на тактика на одолговлечување од видот на тоа дека прават нешто. Меѓутоа, било како ние продолжуваме и ќе продолжиме да им ја даваме нашата поддршка на овие 4 милиони лица колку што можеме.“

Чешкиот премиер Андреј Бабиш пак, истакна дека го оценува за мошне добро предлогот на претседателот Ердоган за формирање безбедна зона во севериот дел на Сирија и рече: „Овде Турција не вели да и се дадат пари, туку да се формира одредена зона и да бидат изградени училишта, куќи и да се инвестира.“

Велејќи дека Турција е значаен партнер на Чешка и нејзин созјуник во НАТО, Бабиш нагласи дека постои можност за зглемување на обемот на взаемната трговија помеѓу двете земји.

На средбата помеѓу претседателот Ердоган и чешкиот премиер Андреј Бабиш беше направена проценка и на односите помеѓу двете земји и на регионалните случувања.



Слични вести