Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 14. Бледски Стратешки форум во Словенија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на 14. Бледски Стратешки форум беше примен кај словенечкиот претседател Борут Пахор и премиерот Марјан Шарец, а се состана и со својот колега министерот за надворешни работи Миро Церар

1262549
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 14. Бледски Стратешки форум во Словенија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествува на 14. Бледски Стратешки форум во Словенија каде што остварува и низа билатерални разговори.

Во тие рамки Чавушоглу на маргините на форумот беше примен кај словенечкиот претседател Борут Пахор и премиерот Марјан Шарец, а се состана и со својот колега словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар. 

Во својата објава на социјалната мрежа Твитер, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека ќе бидат унапредени економските односи и обостраните инвестирања со Словенија.

Чавушоглу во својата споделена објава напиша:

„На нашата средба со словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар ги разгледавме билатералните односи и регионалните случувања. Уште повеќе ќе ги унапредиме нашите економски односи и обостраните инвестирања.“

 

 



Слични вести