Претседателот Ердоган: Подготвуваме сеопфатен Акционен план за човекови права

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата по повод отворањето на новата судска 2019-2020 година истакна дека се подготвува сеопфатен Акционен план за човекови права

1262405
Претседателот Ердоган: Подготвуваме сеопфатен Акционен план за човекови права

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата по повод отворањето на новата судска 2019-2020 година, која што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата, во Бештепе во Анкара.

Притоа Ердоган истакна дека се подготвува сеопфатен Акционен план за човекови права.

Велејќи „Стратегијата за реформа во правосудството претставува еден од најзначајните елементи“, Ердоган нагласи дека за заштита на правата и слободите, нивното развивање и земање под гаранција се подготвува сеопфатен Акционен план за човекови права.

„Зајакнувањето на независноста и непристрасноста на правосудството го оценуваме како основен услов на владеењето на правото, а заедно со тоа и земањето под гаранција на правата и слободите на единките. Изворот на квалитетен човек исто како и во секоја сфера, претставува осноцен услов и на доброто (правилното) функционирање на системот во правосудството. Покачувањето на квалитетот на правното образование е едниот од најзначајните елементи на нашата стратегија за реформа во правосудството.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести