Потпретседателот Фуат Октај во Полска се состана со потпретседателот на САД Мајк Пенс

Потпретседателот Фуат Октај во Полска каде што отпатува по повод церемониите на сеќавање на 80. годишнината од почетокот на Втората светска војна се состана со американскиот потпретседател Мајк Пенс

1261876
Потпретседателот Фуат Октај во Полска се состана со потпретседателот на САД Мајк Пенс

Потпретседателот Фуат Октај вчера во Полска се состана со американскиот потпретседател Мајк Пенс. 

Потпретседателот Октај учествуваше на вечерата која што беше приредена од страна на претседателот на Полска Андржеј Дуда во чест на лидерите кои присуствуваа на церемониите на сеќавање на 80. годишнината од почетокот на Втората светска војна.

На вечерата Фуат Октај се состана со американскиот потпретседател Мајк Пенс до кого го изрази своето сочувство поради загинатите во вооружениот напад кој што беше реализиран во сојузната држава Тексас.

Двајцата потпретседатели Фуат Октај и Мајк Пенс на средбата разменија мислења и во однос на регионални прашања, на чело со односите помеѓу Турција и САД.



Слични вести