Претседателот Ердоган приреди свечен прием по повод 30 Август Празникот на победата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во претседателската палата "Куллијето" во Анкара приреди свечен прием по повод 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили

1261356
Претседателот Ердоган приреди свечен прием по повод 30 Август Празникот на победата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на "Врховен командант" синоќа во Претседателската палата "Куллијето" во Бештепе, во Анкара, приреди прием по повод одбележувањето на 97 годишнината од 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили. 

Претседателот Ердоган на свечениот прием во делот од Куллијето наречен "Градина со базен" дојде со својата сопруга Емине Ердоган. 

На приемот беше прикажано кус филм подготвен од страна на кабинетот на претседателот по повод 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили.

Во филмот беше ставено акцент на темата "Ние го познаваме овој дух" и беше потсетено на шехидите (загинатите, оние кои ги положија своите животи) од Битката на Малазгирт до народноослободителната борба и 15 Јули.

По читање на делови од светата муслиманска книга Куранот од страна на имамот на Џамијата Миллет (Народната џамија) Адем Кеманеџи, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одржа говор пред присутните. 

По говорот претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган се поздравија со гостите и им посакаа добредојде на свечениот прием. 

Претседателот Ердоган и г-ѓа Емине Ердоган извесно време разговараа со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели, претседателката на ИЈИ Партијата Мерал Акшенер, претседателот на Татковинската партија Догу Перинчек, потоа со поранешната премиерка Тансу Чиллер и нејзиниот сопруг Озер Чиллер и со блиските на шехидите, а сликаа и спомен фотографија со гостите. 

Претседателот Ердоган разговараше извесно време и со претставниците на заедниците на малцинствата. 

Пред да замине од местото каде што се одржа свечениот прием Ердоган разговараше и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и со командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на приемот сликаше спомен фотографија и со спортистите репрезентативци.

На синоќешниот свечен прием во претседателската палата "Куллијето" во Бештепе во Анкара учествуваа и потпретседателот Фуат Октај, претседателот на Партијата за големо единство (ББП) Мустафа Дестиџи, претседателот на Партијата за благосостојба (Саадет-СП) Темел Карамоллаоглу, Ќоксал Топтан - поранешен претседател на Собранието, поранешните премиери Јилдирим Акбулут и Тансу Чиллер, членовите на кабинетот на претседателот, министри, пратеници, претседатели на врховните судски органи, претседателот на Одделот за комуникации во кабинетот Фахреттин Алтун, портпаролот во кабинетот Ибрахим Калин, потоа познатата актерка Хулја Кочјигит - член на Советот за политики за култура и уметност во претседателството, како и голем број други поканети еминентни гости. 

На свечениот прием исто така учествуваа и голем број поканети блиски на шехиди и газии, претставници на средствата за информирање, писатели, амбасадори на некои земји во Анкара, академици и претставници на граѓански организации.



Слични вести