Првата адреса на свеченото одбележување на Празникот на победата беше Мавзолејот на Ататурк

Беспоштедната борба против сите закани како во земјава така и надвор за заштитата на стабилноста и спокојството претставува доказ за нашата решителност

1261214
Првата адреса на свеченото одбележување на Празникот на победата беше Мавзолејот на Ататурк

Првата адреса на свеченото одбележување на Празникот на победата во Анкара беше Мавзолејот на Ататурк.

Делегацијата на државниот врв предводена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган положи венец на гробот на Ататурк.

Претседателот Ердоган во пораката по повод Празникот на победата во спомен книгата на мавзолејот потенцираше на значењето на стабилноста и спокојството на земјата.

„Беспоштедната борба против сите закани како во земјава така и надвор за заштитата на стабилноста и спокојството претставува доказ за нашата решителност“ рече Ердоган.

„Почитуван и голем Ататурк, денес имаме можност да ја одбележиме 97-та годишнина на Празникот на победата. Со почит се сеќаваме на вашата голема ангажираност и улога во извојувањето на оваа голема победа која претставува една од златните алки на нашата историја како и сите команданти, офицери, воени лица, војници, граѓани. Одлучни сме во заштитата на придобивките на Републиката кои се креваат врз пожртвуваноста на нашите херои и ни се предадени во аманет. Беспоштедната борба што ја водиме за заштита на нашата стабилност и просперитет претставува конкретен доказ за тоа. Ниту една сила не ќе може да не возврати од остварувањето на предвидените цели на Турција во 2023 година. Почивај во мир и слава ти“ напиша претседателот Ердоган.

По државната церемонија, мавзолејот беше отворен за посета на граѓаните.



Слични вести