Празникот на победата се одбележува со голема радост
Турскиот народ со почит и гордост се сеќава на Мустафа Кемал Ататурк и сите херои кои учествуваа и загинаа во Народноослободителната борба

30-ти август, Празникот на победата се одбележува со голема радост.
На 97-та годишнина од одбележувањето на Големата офанзива, турскиот народ со почит и гордост се сеќава на Мустафа Кемал Ататурк и сите херои кои учествуваа и загинаа во Народноослободителната борба.
Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп во пораката што ја сподели по повод празникот потенцираше на моќта на војската и рече: „Битката со која раководеше лично Мустафа Кемал Ататурк претставува конкретен пример за сплотеноста на народот и војската кои го постигнаа невозможното. Оваа победа претставува пример за НОБ и на другите народи“.
Турскиот народ од 1071 година наваму е знаменосец на света и благословена кауза и остави историја исполнета со херојства.
Министерот за правда Абдулхамит Ѓул во пораката рече: „Чвството и желбата за независност и подобра иднина на турскиот народ ја покажа волјата и сплотеноста што ја покажа на 15-ти јули 2016 во борбата против обидот за воен удар кога покажа дека нема да се дозволи никакво предавство.
Она што денес треба да го направиме е да го продолжиме духот на единството и братството од пред илјада години и да ја зајакнеме и искачиме на поголемо ниво Републиката.
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во пораката по повод Празникот на победата потенцираше на борбата против тероризмот. Акар рече: „Херојската турска армија како што во најтешките времиња изнајде сила и волја заедно со народот да го започне ослободителното движење и да ја заштити татковината, така и денес со иста решителност ги продолжува своите активности“.