Претседателот Ердоган на Саемот МАКС-2019 во Москва ги разгледа руските воени авиони и хеликоптери

Претседателот Ердоган на Меѓународниот саем за воздухопловство и вселена МАКС-2019 во Москва ги разгледа руските воени авиони и хеликоптери и притоа беше информиран во врска со авионот Су-57 од петтата генерација руски борбени авиони

1259478
Претседателот Ердоган на Саемот МАКС-2019 во Москва ги разгледа руските воени авиони и хеликоптери
eredogan.jpg
erdogan-putin.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во попладневните часови замина во еднодневна работна посета на главниот град на Русија, Москва.

Ердоган на Меѓународниот аеродром „Жуковскиј“ беше пречекан од страна на функционери на руското министерство за надворешни работи, амбасадорот на Турција во Москва Мехмет Самсар и други високи функционери.

Претседателот Ердоган во рамките на својата посета заедно со рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на церемонијата на отворање на Меѓународниот саем за воздухопловство и вселена МАКС-2019 кој се одржува во Москва.

Двајцата претседатели Ердоган и Путин овде одржаа говори, а потоа заедно ги прошетаа и разгледаа штандовите на саемот.

Претседателот Ердоган во оваа пригода ги разгледа руските воени авиони и хеликоптери и притоа беше информиран во врска со авионите и хеликоптерите, меѓу кои беше и авионот Су-57 од петтата генерација руски борбени авиони.

Ердоган и Путин на саемскиот простор ги следеа и демонстративните летови на авионите и хеликоптерите.



Слични вести