Министерството за национална одбрана: Започна испораката на втората батерија С-400 од Русија

Министерството за национална одбрана соопшти дека од денеска започна испораката и на втората батерија на ракетните системи С-400 од Русија и процесот на испорака ќе трае околу еден месец

1259289
Министерството за национална одбрана: Започна испораката на втората батерија С-400 од Русија

Денеска започна испораката и на втората  батерија на противвоздушно одбранбените ракетни  системи С-400 кои што Турција ги купи од Русија.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана преку социјалната медија по ова прашање, се истакнува следното:

„Спогодбата за набавка на регионалниот систем за воздушна и ракетна одбрана од долг дострел С-400 за обезбедување на потребите на Турција од противвоздушна и ракетна одбрана беше потпишана на 11 април 2017 година, а во рамките на спогодбата во периодот од 12 до 25 јули 2019 година заврши испораката на материјалите на првата батерија на регионалниот систем за воздушна и ракетна одбрана од долг дострел С-400. Во тие рамки од денеска започна испораката во воздушната база Муртед во Анкара на материјалите на втората батерија на регионалниот систем за воздушна и ракетна одбрана од долг дострел С-400. Работите за испорака ќе траат околу еден месец.“

Инаку, процесот на испорака на компонентите и материјалите на првата батерија на противвоздушно одбранбените ракетни  системи С-400 кои што Турција ги купи од Русија започна на 12 јули оваа година и траеше приближно две недели.

Во тие рамки од 12 до 25 јули во Турција секојдневно слетаа по два руски џиновски карго авиони и дојдоа вкуно 30 авиони. 

На тој начин заврши испораката на првата батерија С-400 на Турција, а од денеска започна испораката и на втората батерија.

 



Слични вести