Ердоган: Нашата цел е трговскиот обем со Русија да го зголемиме на 100 милијарди долари

Претседателот Ердоган истакна дека трговскиот обем помеѓу Турција и Русија изнесува над 25 милијарди долари и дека се има за цел да се зголеми на 100 милијарди долари

1259455
Ердоган: Нашата цел е трговскиот обем со Русија да го зголемиме на 100 милијарди долари

Претседатеотл Реџеп Тајјип Ердоган денеска во главниот град на Русија, Москва, заедно со рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за воздухопловство и вселена МАКС-2019.

Во говорот што го одржа на церемонијата организирана на Меѓународниот аеродром „Жуковскиј“ во близина на Москва, претседателот Ердоган истакна дека трговскиот обем помеѓу Турција и Русија изнесува над 25 милијарди долари и дека се има за цел да се зголеми на 100 милијарди долари.

Ердоган напомена дека МАКС-2019 го смета за еден од водечките саеми во светот во оваа сфера и рече: „ И ние оваа година го организиравме 14-от на Саем ИДЕФ. На манифестацијата ТЕКНОФЕСТ (Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија) пак, кој ќе се одржи од 14 до 22 септември 2019 година очекуваме учествуво на над 1 милион лица. Го очекуваме целиот руски народ да дојде на фестивалот, а пред се господинот Путин.“

Нагласувајќи дека во одбраната, воздухопловството и вселенските технологии Турција е дојдена во положба на земја со право на збор, Ердоган рече: „Заклучно со крајот на 2018 година вкупниот извоз на нашиот одбранбен и воздухопловен сектор достигна до 2,5 милијарди долари.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор подвлече дека искрениот и близок дијалог помеѓу Турција и Русија се храни од коренитата и мултидимензионална соработка.

Тој воедно ја изнесе и следната констатација: „Оваа година очекуваме нашата земја да ја посетат околу 6 милиони руски туристи. Нашиот трговски обем надмина 25 милијарди долари. Нашата цел е 100 милијарди долари.“



Слични вести