Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во еднодневна работна посета на Русија

Според објавеното соопштение од прес центарот на кабинетот на претседателот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 27 август (утре) ќе отпатува во еднодневна работна посета на Русија

1258651
Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во еднодневна работна посета на Русија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре (27 август, вторник) ќе престојува во еднодневна работна посета на Русија.

Според објавеното соопштение од прес центарот на кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган на 27 август (утре) ќе отпатува во еднодневна работна посета на Русија.

Во рамките на посетата претседателот Ердоган ќе се состане со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Во оваа прилика двајцата лидери Ердоган и Путин ќе претседаваат и со меѓуделегациските разговори.

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува и на отворањето на Меѓународниот саем за воздухопловство и вселена МАКС-2019, кој е едниот од водечките саеми во оваа сфера во светот.  

Во рамките на разговорите се очекува да бидат разгледани со сите нивни страни билатералните односи помеѓу Турција и Русија, како и да бидат разменети мислења во однос на одредени регионални и меѓународни прашања на чело со Сирија.



Слични вести