Порака од претседателот Ердоган по повод „Неделата на Победата“

Претседателот Ердоган напомена дека последната недела на месец август кога е извојувана победата на Малазгирт (26 август, 1071) и кога Големата офанзива резултираше со победа (30 август, 1922), се слави како „Недела на победата“

1258495
Порака од претседателот Ердоган по повод „Неделата на Победата“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод „Неделата на победата“.

Ердоган истакна дека последната недела на месец август се одбележува како Недела на победата во турската историја и дека духот од Малазгирт секогаш ќе претставува патоказ пред нив.

Велејќи дека народот кој со извојуваната победа на Битката кај Малазгирт (1071 година) ја прогласи Анадолија за своја татковина потоа со народноослободителната борба (1919-1922) му прогласи на целиот свет дека овие територии засекогаш ќе останат како наша татковина, Ердоган во својата порака напиша: „Заедно со извојуваната легендарна победа на 30 август, беа поставени темелите на нашата Република, како заедничко наследство на сите нас.“

Ердоган напомена дека последната недела на месец август кога е извојувана победата на Битката кај Малазгирт и кога Големата офанзива резултираше со победа, се слави како „Недела на победата“ и тоа со голема гордост и понос.

„Нашиот честит народ кој низ историјата го одби секој напад и секој вид обид со кои што се има за цел да се сруши нашето единство и заедништво, својот славен марш кој што го започна со Победата на Малазгирт во 1071 година го круниса со победата која што ја извојува на 30 август 1922 година во Думлупинар. Оваа победа му даде морал и сила на нашиот честит народ за ставање во примена на значајните чекори на патот за достигнување до светла иднина; По прогласувањето на Републиката почнаа да се фрлаат фрзи чекори на патот на напредокот и развојот.“ - истакна Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака и по повод одбележувањето на 948. годишнина од Победата на Битката кај Малазгирт на 26 август 1071 година.

Ердоган во својата порака нагласи дека Победата на на Битката кај Малазгирт е првиот фрлен чекор кој што ја промени судбината на нашиот честит народ, и придаде нов тек на историјата и ја формира цивилизацијата во Анадолија која што се потпира на братство, толеранција и солидарност и која ќе продолжи низ вековите.

„Султан Алпарслан  кој со неговата правично и милосрдно владеење служи како пример и за државните личности по него, е предводник на сфаќањето кое што ги земе за основа мирот, толеранцијата и љубовта кои што владееле на териториите на Анадолија низ вековите.“ - напиша опретседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака.



Слични вести