Хулуси Акар: Утре од Русија тргнува и втората батерија С-400

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар соопшти дека почнувајќи од утре ќе почнат да пристигнуваат деловите (компонентите) и на втората батерија на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-40 кој што е набавен од Русија

1258692
Хулуси Акар: Утре од Русија тргнува и втората батерија С-400

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите беше во обиколка и контрола на воените единици во градот Ерзинџан, а учествуваше и на церемонијата на промопредавање на должноста во Командата на третата армија.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Акар соопшти дека почнувајќи од утре ќе почнат да пристигнуваат деловите (компонентите) и на втората батерија на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-40 кој што е набавен од Русија.

Тој привлече внимание кон ракетната и воздушната закана кон Турција и потсети на интензивините активности кои што се реализираат за спречување на оваа закана и одбрана на народот.

Потсетувајќи дека во тие рамки за набавување на регоналните противвоздушно одбранбени ракетни системи од долг дострел С-400 е постигнат договор со Русија која одговори погодно на поставените критериуми на Турција, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Работите за набавување на С-400 започнаа на 12 јули. Во тек се активностите кои што се реализираат во тие рамки. Првата батерија дојде. За набавување и на втората батерија, од 27 август, односно од утре ќе почнат да се реализираат и активностите за нивно носење и нивно пристигнување. Наша цел е да ги одбраниме и заштитиме нашата земја и нашиот народ од воздушната и ракетната закана од надвор.“



Слични вести