Хулуси Акар: Наскоро ќе започнат заедничките патроли на турските и американските војници на северот на Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека продолжуваат работите за започнување во скоро време на заедничките патроли со американските војници во северниот дел на Сирија

1258695
Хулуси Акар: Наскоро ќе започнат заедничките патроли на турските и американските војници на северот на Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите беше во обиколка и контрола на воените единици во градот Ерзинџан, а учествуваше и на церемонијата на промопредавање на должноста во Командата на третата армија.

Акар во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека никако нема да се дозволи терористички коридор јужно од Турција.

Тој соопшти дека продолжуваат работите за започнување во скоро време на заедничките патроли со американските војници во северниот дел на Сирија.

„Во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија сме во контакт со американските војници. Во Акчакале е формиран оперативен центар. Овде интензивно продолжуваат нашите активности заедно со американскиот персонал за исчистување на источниот дел на Еуфрат од терористите и за формирање на безбедна зона, мировен коридор, таму.“ - рече Акар.

Велејќи дека во скоро време ќе се реализираат заедничките патролирања со американските војници, Хулуси Акар рече: „Од страна на Американците добивме информации за кои што има потреба од нивно потврдување, а во однос на тоа дека се уништени еден дел од рововите на терористите и дека еден дел од терористите се повлекле од подрачјето. Продолжуваат нашите активности и за потврдување и продолжување на сето тоа.“

„Нема да толерираме доцнење. Тоа повторно и повторно им го велиме на нашите соговорници. Прашањата кои што сме ги испланираме и за кои сме постигнале согласност, тие треба да се водат и реализираат во рамките на одредено темпо.“ - изјави министерот за национална одбрана Хулуси Акар и до додаде следното: „Доколку на било кој начин не се постигне напредок и не бидат реализирани планираните прашања во однос на кои постигнавме согласност со Американците, Турските вооружени сили (ТВС) имаат и свој „Б“ и „Ц“ план. Ние посакуваме да се реализираат прашањата за кои што е постигната согласност со Американците.“



Слични вести