Ердоган: Ги очекуваме сите наши граѓани да учествуваат на прославите на Победата на Малазгирт

Претседателот Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер ги покани граѓаните да се приклучат кон прославите по повод 948. годишнина од извојуваната Победа на Битката кај Малазгирт, на 26 август 1071 година

1258593
Ердоган: Ги очекуваме сите наши граѓани да учествуваат на прославите на Победата на Малазгирт

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на денот на одбележување на победата на Битката кај Малазгирт ги покани сите граѓани да дојдат во месноста Ахлат во Малазгирт, кај градот Битлис и да се приклучат кон прославите.

Ердоган на својата сметка на социјалната мрежа Твитер ги покани граѓаните да се приклучат кон прославите кои што ќе се одржат под покровителство на претседателството, а по повод 948. годишнина од извојуваната победа на Битката кај Малазгирт, на 26 август 1071 година.

„Сите наши граѓани ги очекуваме да дојдат во Малазгирт, на годишнината на победата на Битката кај Малазгирт, првиот фрлен чекор со кој што беше променета судбината на нашиот честит народ, и беше придаде нов тек на историјата и беше формирана цивилизацијата во Анадолија која што се потпира на братство, толеранција и солидарност и која ќе продолжи низ вековите.“ - се истакнува во пораката на претседателот Ердоган со која што заедно е споделена и видео снимка преку која оваа покана им се доставува на граѓаните и усмено.



Слични вести