Турските вооружени сили ја започнаа операцијата „Шепа-3“ на северот на Ирак

Министерството за национална одбрана соопшти дека вчера е започната операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“) во областа Синат-Хафтанин во северниот дел на Ирак

1257699
Турските вооружени сили ја започнаа операцијата „Шепа-3“ на северот на Ирак

Турските вооружени сили (ТВС) ја започнаа операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“) во областа Синат-Хафтанин во северниот дел на Ирак.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека вчера во областа Синат-Хафтанин во северниот дел на Ирак е започната операцијата операцијата „Шепа-3“ („Pençe-3“) .

Во соопштението се вели следното: "Операцијата се реализира со цел да се воспостави напред пограничната безбедност и да се уништат терористите кои се наоѓаат во областа Синат-Хафтанин и нивните пештери и засолништа кои што ги користат. Операцијата поддржана од авиони на воздушните сили, елементи на копненото воздухопловство, беспилотни летала СИХА и ИХА и од хаубици Фиртина, продолжува успешно како што е испланирано."



Слични вести