Ердоган: Турција веќе се наоѓа на маса и ќе го продолжи својот пат со дијалог и разговори

Претседателот Ердоган истакна дека Турција веќе се наоѓа на маса и ќе го продолжи својот пат со дијалог и разговори

1257824
Ердоган: Турција веќе се наоѓа на маса и ќе го продолжи својот пат со дијалог и разговори

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на дипломирање на офицерите и подофицерите на Академијата на жандармеријата и крајбрежната безбедност, која што се одржа вчера на стадионот на Академијата на жандармеријата и крајбрежната безбедност. 

Ердоган во својот говор се осврна на терористичкиот коридор кој што терористите сакаат да го формираат во Сирија и напомена дека во границите на земјата во голема мера е дојдено до уништување на терористичките организации.

"Ја скршивме западната нога на терористичкиот коридор, откако ќе ја скршиме и источната нога ќе ја расипеме големата игра." - рече Ердоган.

Велејќи дека вчера утрото остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин со кого дискутирале за сето тоа, претседателот Ердоган напомена дека наредната недела за истото прашање ќе разговараат и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ердоган укажа на тоа дека Турција веќе се наоѓа на маса и нагласи дека ќе го продолжи својот пат со дијалог и разговори. 

Во врска со случувањата во Источниот Медитеран, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: "Ние сме таму со 4 брода. Меѓутоа, покрај нашите 4 брода ги има и фрегатите на нашите Поморски сили. Исто така таму се постојано и нашите воздушни сили. Таму ние ги реализираме нашите активности и ќе ги водиме до крај. Се заколнавме дека таму ќе ги браниме правата на нашите сонародници во Северен Кипар и нашите сопствени права, и ќе продолжиме по тој пат."

Претседателот Ердоган подвлече дека Турција води борба за одбрана на своите интереси од Ирак до Сирија, од Источниот Медитеран до Северна Африка и преку Атлантикот до Европа.



Слични вести