Ердоган и Путин разговараа телефонски за ситуацијата во Идлиб

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор му рече на својот руски колега Путин дека прекршувањата на примирјето и нападите во подрачјето на градот Идлиб во Сирија од страна на режимот на Бешар Асад, стануваат причина за голема хуманитарна криза

1257413
Ердоган и Путин разговараа телефонски за ситуацијата во Идлиб

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Во телефонскиот разговор освен билатералните односи помеѓу двете земји, беа разгледани и последните случувања во Сирија и Либија.  

Претседателот Ердоган му рече на својот руски колега Путин дека прекршувањата на примирјето и нападите во подрачјето на градот Идлиб во Сирија од страна на режимот на Бешар Асад стануваат причина за голема хуманитарна криза.

Ердоган напомена дека нападите (врз турските набљудувачки пунктови) во Идлиб им наштетуваат на напорите за изнаоѓање решение за сириската криза и дека овие напади се претворени во мошне сериозна закана од аспект на националната безбедност на Турција.



Слични вести