Телефонски разговор помеѓу Акар и Еспер за безбедната зона во Сирија

Во телефонскиот разговор министерот Акар ја нагласи потребата од формирање во најскоро време, на безбедната зона во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, а во рамките на утврдените принципи во календарот

1256329
Телефонски разговор помеѓу Акар и Еспер за безбедната зона во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Марк Еспер.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Акар во телефонскиот разговор ги изнесе „познатите ставови и очекувања“ на Турција во врска со Безбедната зона за која што се планира да се формира во источниот дел на реката Еуфрат во Срија и ја нагласи потребата од формирање во најскоро време, без да се губи време, на зоната за која што станува збор, а во рамките на утврдените принципи во календарот.

Двајцата министри за одбрана Хулуси Акар и Марк Еспер постигнаа согланост за ставање во примена почнувајќи од денеска (вчера) на првата фаза од планот во врска со формирањето на безбедната зона во Сирија.

Во телефонскиот разговор беше постигната согласност за состанување во Анкара во најскоро време на воените делегации на Турција и САД, а со цел разгледување на следните фази од планот во врска со Безбедната зона во северниот дел на Сирија.



Слични вести