Продолжува операцијата „Дробилка“ на ТВС

Планините се исчистени од терористите

1256261
Продолжува операцијата „Дробилка“ на ТВС

Командантот на жандармеријата генерал на армија Ариф Четин во рамките на операцијата „Дробилка“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК на северот на Ирак престојуваше во смотра и контрола на воените единици во планинското подрачје Булгурлу кај Ѓурпинар во Ван.

Продолжува операцијата „Дробилка“ на ТВС која започна под командата на командантот на жандармеријата генерал на армија Ариф Четин, а со учество на командантите на градските команди на Ван, Хакќари и Ширнак.

Согласно наредбата и директивите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, борбата против тероризмот ќе продолжи се додека регионот не биде исчистен и од последниот терорист, рече генералот на армија Четин и подвлече дека силите на жандармеријата влегоа во пештерите и дупките на терористите.

„Планините се исчистени од терористите. Ако има преостанати терористички сегменти, ќе ги исчистиме во најкратко време. Регионот целосно ќе биде исчистен од терористите“ подвлече Четин.



Слични вести