Турција: „Односите со Венецуела се засноваат на меѓусебно почитување и немешање“

Единствен пат за изнаоѓање и постигнување трајно и одржливо решение на проблемите и прашањата во врска со Венецуела е сеопфатниот дијалог

1255576
Турција: „Односите со Венецуела се засноваат на меѓусебно почитување и немешање“

Турција соопшти дека односите со Венецуела се засноваат на немешање во внатрешните работи, меѓусебно почитување на суверените права, волјата на народот, демократијата и демократските начела и интересите“.

Портпаролот на МНР Хами Аксој на редовната прес конференција одговори на едно прашање во врска со односите меѓу Турција и Венецуела кое во последните денови зазеде широко место во медиумите.

Аксој рече:

„Односите со Венецуела се засноваат на немешање во внатрешните работи, меѓусебно почитување на суверените права на државите, волјата на народот, демократијата и демократските начела и интересите. Турција е против сите видови надворешни и недемократски интервенции, како и еднострани санкции насочени за соборување на легитимната власт и уставниот режим.

Се до денес потенциравме дека единствен пат за изнаоѓање и постигнување трајно и одржливо решение на проблемите и прашањата во врска со Венецуела е сеопфатниот дијалог. Од друга страна пак како последица на едностраните сеопфатни санкции кои САД ги спроведува врз Венецуела, како и некои одлуки на приватниот секот и установите претставуваат трговски избор, кои се независни од односите билатералните официјални односи меѓу Турција и Венецуела.

Исто така нема и не станува збор за никакви промени во принципиелниот став на Турција кон Венецуела. Големо значење има сестраната поддршка на напорите за воспоставување политички дијалог меѓу страните за изнаоѓање трајно решение на несогласувањата. Овие напори не треба да се потрошат како средство за разгорување на внатрешно политички дискусии и дневните интереси“ рече Аксој.



Слични вести