Турција жестоко го осуди самоубиствениот напад во авганистанскиот главен град Кабул

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со кое жестоко го осуди самоубиствениот напад на една свадбена свеченост во главниот град на Авганистан, Кабул во кој загинаа најмалку 63 лица, а 182'јца се ранети

1254295
Турција жестоко го осуди самоубиствениот напад во авганистанскиот главен град Кабул

Турција жестоко го осуди самоубиствениот напад на една свадбена свеченост синоќа во главниот град на Авганистан, Кабул, и го изрази своето сочувство до Авганистан.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека се чувствува жалење од големиот број на загинати и ранети во синоќешниот терористички напад во Кабул.

"Жестоко ја осудуваме оваа нечовечно терористичка акција чија цел беа невините луѓе, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување, на пријателската авганистанска влада и на братскиот авганистански народ го изразуваме нашето сочувство." - се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Како што се истакнува, во синоќешниот напад кој што претставува најкрвава извршена терористичка акција во Авганистан од почетокот на оваа година, животот го загубија најмалку 63 лица меѓу кои има и жени и деца, а 182'јца се ранети.



Слични вести