Повик од Турција до ОН да преземат поактивна улога во решавањето на проблемот со Џаму и Кашмир

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се упатува повик до Обединетите нации (ОН) да преземат поактивна улога во решавањето на проблемот со Џаму и Кашмир, помеѓу Индија и Пакистан

1254135
Повик од Турција до ОН да преземат поактивна улога во решавањето на проблемот со Џаму и Кашмир

Турција упати повик Обединетите нации (ОН) да преземат поактивна улога во решавањето на проблемот со Џаму и Кашмир.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се привлекува внимание на значењето од изнаоѓање решение за проблемот со Џаму и Кашмир по пат на дијалог и се истакнува дека консултациите кои што беа водени вчера во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) по прашањето на Џаму и Кашмир под наслов "Индија - Пакистан" се дочекуваат со задоволство, а од аспект на намалувањето на тензијата во регионот и изнесувањето на преден план на дипломатијата.

"Веруваме дека Обединетите нации (ОН) треба да преземат поактивна улога за решавање на проблемот, во рамките на претходно усвоените резолуции. Ја повторуваме нашата желба за изнаоѓање решение за проблемот помеѓу инволвираните страни на основа на меѓународното право и по пат на дијалог и упатуваме повик за воздржаност и избегнување од фрлање на еднострани чекори со кои што ќе се зголеми затегнатоста." - се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести