Висока американска воена делегација беше на разговори во Шанлиурфа за Заедничкиот оперативен центар
На сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер е објавено соопштение во врска со оваа посета на американскиот генерал полковник Твити и воената делегација во негова придружба



Заменик командантот на Армијата на Соединетите Американски Држави (САД) за Европа генерал полковник Стивен Твити во рамките на работите за ставање во примена на Заедничкиот оперативен центар за Безбедната зона за која што се планира да се формира во северниот дел на Сирија, вчера беше во посета на градот Шанлиурфа каде што оствари низа средби и разговори.
На сметката на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер е објавено соопштение во врска со оваа посета на американскиот генерал полковник Твити и воената делегација во негова придружба.
Во соопштението се истакнува дека заменик командантот на Армијата на Соединетите Американски Држави (САД) за Европа генерал полковник Стивен Твити во рамките на работите за ставање во примена на Заедничкиот оперативен центар за Безбедната зона за која што се планира да се формира координирано со САД, во северниот дел на Сирија, по остварените разговори во Генералштабот во Анкара замина за градот Шанлиурфа каде што исто така оствари низа средби и разговори.
Во соопштението се вели дека американскиот генерал полковник Твити денеска ќе ги продолжи своите разговори во Генералштабот во Анкара, а потоа ќе отпатува од Турција.
Од друга страна во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека не постои никаква промена во претходно соопштените ставови на Турција во врска со Безбедната зона во северниот дел на Сирија.
Во соопштението се вели дека вестите и коментарите кои што се објавуваат во последно време во некои информативни органи во врска со Безбедната зона, а за кои се тврди дека се потпираат на добиени информации од турски и американски функционери, се неосновани и не ја одразуваат вистината.
„Активностите кои што се водат координирано со САД во врска со Безбедната зона тогаш кога е неопходно и се соопштуваат на јавноста од страна на Министерството за национална одбрана. Во тие рамки, нема никаква промена во претходно соопштените ставови на Турција кои што се уште ја зачувуваат својата валидност.“ - стои во соопштението на Министерството за национална одбрана.
Слични вести

Сочувство на потпретседателот Октај до претседателот на Туркменистан
Му посакувам Аллахова милост на Маликгули Бердимухамедов, таткото на претседателот на Туркменистан