Американска воена делегација на разговори во Анкара и Шанлиурфа за Безбедната зона

Продолжуваат работите за ставање во примена на Заедничкиот оперативен центар кој што ќе биде формиран во градот Шанлиурфа, а во рамките на Безбедната зона за која што се планира да биде формирана координирано со САД, во северниот дел на Сирија

1252763
Американска воена делегација на разговори во Анкара и Шанлиурфа за Безбедната зона

Американска воена делегација предводена од заменик командантот на Армијата на Соединетите Американски Држави (САД) за Европа генерал полковник Стивен Твити, по посетата што ќе ја оствари на Генералштабот во Анкара, оттука ќе замине за градот Шанлиурфа.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека продолжуваат работите за ставање во примена на Заедничкиот оперативен центар кој што ќе биде формиран во градот Шанлиурфа, а во рамките на Безбедната зона за која што се планира да биде формирана координирано со САД, во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели следното: „Американска воена делегација предводена од заменик командантот на Армијата на Соединетите Американски Држави (САД) за Европа генерал полковник Стивен Твити, по посетата на Генералштабот во Анкара, оттука ќе замине за градот Шанлиурфа каде што ќе ги реализира активностите за координирање во врска со формирањето на Оперативниот центар.“



Слични вести