Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи на ПКК

Координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува успешно во северниот дел на Ирак е реализирана воздушна операција на областа Метина во подрачјето во која се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК

1251878
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи на ПКК

Во реализирана прекугранична воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува успешно во северниот дел на Ирак е реализирана воздушна операција на областа Метина во подрачјето.

Во соопштението се вели дека во оваа воздушна операција се неутрализирани уште  двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од друга страна, според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи во рамките на антитерористичките операции за воспоставување на внатрешната безбедност во руралното подрачје на населеното место Кемах кај градот Ерзинџан беше реализирана операција од страна на градската Команда на жандармеријата во која се неутрализирани тројца терористи.

Операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести