Телефонски разговори на претседателот Ердоган со лидерите на некои земји по повод Курбан Бајрам

Во остварените телефонски разговори претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговите соговорници си го честитаа муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам

1251525
Телефонски разговори на претседателот Ердоган со лидерите на некои земји по повод Курбан Бајрам

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, вчера на првиот ден од муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам оствари телефонски разговори со лидерите на некои земји.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на кабинетот на претседателот, по повод Курбан Бајрам претседателот Ердоган водеше телефонски разговори со катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, узбечкиот претседател Шевкет Мирзијојев, иранскиот претседател Хасан Рухани, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, пакистанскиот премиер Имран Хан, кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз и кувајтскиот емир Шеик Сабах Ахмед Џабир Ал Сабах.  

Во остварените телефонски разговори претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговите соговорници си го честитаа муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам.



Слични вести