Хулуси Акар за „ТРТ Хабер“: Заедничкиот оперативен центар со САД ќе биде отворен за кусо време

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во интервју за информативниот канал „ТРТ Хабер“ истакна дека Заедничкиот оперативен центар во склопот на постигнатиот компромис со Соединетите Американски Држави (САД) ќе биде отворен за кусо време

1251702
Хулуси Акар за „ТРТ Хабер“: Заедничкиот оперативен центар со САД ќе биде отворен за кусо време

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар даде специјално интервју за информативниот канал „ТРТ Хабер“, на Турската радио и телевизија ТРТ, каде што одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Акар беше запрашан за рамката на постигнатиот компромис со САД по прашањето на формирање на Безбедната зона во северниот дел на Сирија во врска со што истакна дека Заедничкиот оперативен центар во склопот на постигнатиот компромис со Соединетите Американски Држави (САД) ќе биде отворен за кусо време.

Тој напомена дека разговарале со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри и со американскиот секретар за одбрана Марк Еспер и дека потоа САД испратија воена делегација во Турција која од 5 до 7 август водеше разговори со своите турски колеги во Анкара и на овие разговори беше постигнат одреден напредок.

„Ние сметаме дека тоа е добар почеток. Ги изнесовме нашата намера, нашите грижи и барања, а и тие ги доставија до нас нивните ставови. Во точката до која што стигнавме во врска со тоа ги изнесовме нашите барања за вадење на терористичката организација ЈПГ од безбедната зона и собирање на тешкото оружје со кое што располага. Контролата и координацијата со воздушниот простор, размената на разузнавачки информации се значајни прашања. Постигнат е договор, компромис во одредени точки и во однос на овие прашања.“ - рече Акар и продолжи со следните зборови: „Во наредните денови, за кусо време со формирањето на Заедничкиот оперативен центар и почнувањето со работа на овој Заеднички оперативен центар, го поставивме на дневен ред спроведувањето во дело на терен со детални студии во тој центра на сиве овие фази кои што ги изнесов. Овие активности ќе започнат во наредните денови.“ 

На едно поставено прашање дали постои одреден рок во врска со прашањето пак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Поставивме одредени рокови. Бидејќи од нашите претходни искуства видовме дека станува збор за одредени доцнења и дека некои работи се одолговлечуваат. Им појаснивме дека нема да прифатиме да дојде до тоа, дека немаме толеранција за сето тоа и дека она што ќе го направиме треба да го направиме во склопот на одредена програма.“

Акар беше запрашан и за тоа дали е постигнат компромис околу длабочината на Безбедната зона, во врска со што истакна дека во секоја прилика било објаснето дека е потребна длабочина од 30-40 километри.

Потсетувајќи дека ова растојание било изнесено и од страна на американскиот претседател Доналд Трамп на остварениот телефонски разговор со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Хулуси Акар рече: „Сметаме дека по ова прашање ќе бидат фрлени некои нови чекри и во наредните денови. Овде е многу значајна контролата и координацијата со воздушниот простор. И таму е постигнат соодветен напредок. Ова го велиме со желба, откако ќе биде формиран овој Заеднички оперативен центар да напредуваме во усогласност со духот на сојузништво и стратешко партнерство и заедно со нашите сојузници САД. Меѓутоа од друга страна, воедно вие сакале речете 'План Б', сакале речете 'План Ц', доколку не функционира тоа, ќе има и активности и операции кои што ќе ги реализираме ние самите.“

На едно поставено прашање во врска со набавката на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 од Русија, Акар потсети дека е завршена испораката на првата батерија.

Велејќи „Во август-септември станува збор за пристигнување на втората батерија“, Хулуси Акар рече: „Од една страна со монтирање, а од друга со обуки на крајот на месец декември се планирани прашања кои што ги нарекуваме прва оперативна способност и потоа прашањата кои што ги нарекуваме доведување во целосна оперативна способност се планирани за април 2020 година. Тоа ќе се оствари. Сето тоа напредува чекор по чекор.“

Акар ја сподели информацијата дека продолжуваат со САД и разговорите по прашањето на купување на ракетноодбранбените системи Патриот.

На едно поставено прашање околу тоа дека во Источниот Медитеран постои се поголема затегнатост околу енергетските извори и како ќе се надмине тоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Велиме дека не постои шанса за да успее ниту една одлука и ниту едно решение во кои нема да ги има Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Секој треба да знае дека нема да дозволиме да дојде до никаква состојба на свршен чин. Ние на чело со господинот претседател постојано велевме и продолжуваме да велиме дека немаат шанса да успеат иницијативите со кои што ќе бидат одземени насилно нашето право и нашата правда и ќе се водат обиди за остварување на некои нови формации. Секој треба да знае дека државата Република Турција и Турските вооружени сили (ТВС или TSK) се спремни да ги фрлат сите чекори кои што треба да се фрлат во врска со тоа.“

Освен тоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар се осврна и на значењето од решавање на проблемите во усогласеност со меѓународното право и да продолжат да се водат односите во склопот на добрососедските односи.



Слични вести