Чавушоглу: Источниот дел на Еуфрат по секоја цена ќе биде исчистен од терористите

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу изјави во Анталија дека источниот дел на реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија по секоја цена ќе биде исчистен од терористите

1251560
Чавушоглу: Источниот дел на Еуфрат по секоја цена ќе биде исчистен од терористите

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу на церемонијата на честитање бајрам што се одржа вчера, првиот ден од муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, во градската управа на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Анталија, во врска со операцијата во источниот дел на реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија истакна дека ова подрачје по секоја цена ќе биде исчистено од терористите.

Чавушоглу во говорот што го одржа во оваа пригода рече: „Онака како што беа исчистени од Африн во Сирија и онака како што беше исчистена терористичката организација ДЕАШ од Џераблус, исто така ќе ја исчистиме и терористичката организација ЈПГ/ПКК источно од Еуфрат. Ќе биде исчистена по секоја цена. Овде не постои никаква промена во нашата одлучност. Нема веќе да и дозволиме и на Америка да влезе во процес на одолговлечување како во Менбич.“

Мевлут Чавушоглу напомена дека сега ја има Турција која ги надминува сите проблеми и во надворешната политика и додаде дека се води до крај борба против секој вид тероризам и внатре и надвор од земјата.

„Ќе ја продолжиме нашата борба се додека не остане ниту еден терорист и во северниот дел на Ирак. Онака како што ги исчистивме внатре ќе ги исчистиме терористите и од таму. Нема друг пат.“ - порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести