Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во посета на Турската Република Северен Кипар

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција како гаранрорска земја ќе продолжи да ги исполнува своите права и одговорности во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1251220
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во посета на Турската Република Северен Кипар

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) вчера престојуваше во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Во рамките на програмата која што за прв пат еден министер за национална одбрана ја реализира заедно со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), министерот Акар и командантите беше во обиколка и посета на воените единици, а воедно ја разгледа од воздух и од копно областа Мараш која инаку е затворена за населување. 

Хулуси Акар во оваа пригода истакна дека Турција како гаранторска земја ќе продолжи да ги исполнува своите права и одговорности во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв одржаа состанок со командантите во штабот на Турските мировни сили на Кипар. 

На состанокот беа разгледани последните случувања на островот и беа поставени на маса воените активности.

Министерот Акар од овде уште еднаш ја даде пораката за одлучност во врска со активностите на Турција во регионот.

Хулуси Акар рече: "До денеска без недостаток и постојано ги исполнивме нашите права и одговорности како гаранторска земја, одлучни сме да го правиме тоа и во иднина. Затоа присуството на турската војска на островот е задолжително. Додека ние велиме 'мир' тоа се перцепцира како попуштање. Додека пак, велиме дека ќе го земеме нашето право, нема да дозволиме никаква состојба на свршен чин тоа се оценува како закана. Нашите соседи треба да си го соберат својот памет и да гледаат објективно кон прашањето."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека се очекува од Грција и Јужната кипарско-грчка управа да делуваат во усогласеност со меѓународното право и добрососедските односи.



Слични вести