Хулуси Акар порача од Кипар: Никој да не ја тестира нашата сила

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар изјави во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) дека никој не треба да ја тестира силата на Турција

1251350
Хулуси Акар порача од Кипар: Никој да не ја тестира нашата сила
TCG Gemlik firkateyni.jpg
akar-TCG Gemlik firkateyni1.jpg
akar-TCG Gemlik firkateyni2.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) со хеликоптер ја посетија фрегатата ТЏГ Гемлик која го придружува бродот за дупчење "Јавуз" во Источниот Медитеран.

Овде министерот Акар беше информиран во врска со активностите на Командата на Поморските сили во Источниот Медитеран и Егејот и издаде низа наредби. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар овде нагласи дека нема да се замижи пред обидите за доведување на работите во состојба на свршен чин.

Акар истакна дека ќе се бранат до крај правата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и рече: "Никој да не ја тестира нашата сила."

Подвлекувајќи дека она што треба да се направи се изнесува во рамките на добрососедството и меѓународното право, Акар рече: "Тие ќе вршат истражување, ќе реализираат дупчење (сондажа), ќе вадат нафта, ќе ги искористат тие богатства, и кипарскиот народ и државата Република Турција и 82 милиони, ќе го набљудуваат сето тоа без да прават ништо. Никој да не го очекува од нас тоа. Нашето право, правата на народот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ги браневме и ќе ги браниме до крај, ние сме одлучни по ова прашање. Така да никој да не ја тестира нашата сила по ова прашање."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на своите посети на воените единици на островот беше во обиколка и на пограничната линија која што го дели островот на два дела, турски и грчки дел.



Слични вести