Телефонски разговор помеѓу Ибрахим Калин и Џон Болтон

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин и советникот за Национална безбедност на САД Џон Болтон синоќа водеа телефонски разговор посветен на низа прашања на чело со последните случувања во северниот дел на Сирија

1251007
Телефонски разговор помеѓу Ибрахим Калин и Џон Болтон

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за Национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Болтон. 

Според објавеното соопштение од портпаролството на кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор беше истакнато дека во најскоро време треба да се стави во примена постигнатиот компромис во однос на формирањето на безбедната зона во северниот дел на Сирија, земајќи ја притоа во предвид чувствителност на Турција по прашањето на сопствената безбедност.

Освен тоа беше истакнато дека со формирањето на безбедната зона терористичкиот коридор ќе му го отстапи своето место на "мировниот коридор" и ќе обезбеди погодна средина за безбедно враќање во своите земји на Сиријците кои беа приморани да ги напуштат своите домови.

Беше укажано на значењето од ставање во примена во најскоро време а Заедничкиот оперативен центар за кој што е одлучено да се формира во координација со САД, а беа разгледани и прашања за интензивирање на процесот на Уставната комисија која што ќе се формира во Сирија и политичката транзиција во оваа земја.

Во остварениот телефонски разговор помеѓу портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин и советот за Национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) воедно беше ставено акцент и на значењето на чекорите кои што ќе бидат фрлени во правец на зголемување на обемот на билатералната трговија како и посетата што ќе ја оствари секретарот за трговија САД Вилбур Рос на Турција во месец септември.

Во разговорот исто така беа поставени на дневен ред и деталите на посетата за која што се планира да ја оствари американскиот претседател Доналд Трамп на Турција во текот на оваа година.



Слични вести