Украинскиот претседател Владимир Зеленски во посета на Истанбул

Со учество на украинскиот претседател Зеленски и министерката за трговија Рухсар Пекџан во Истанбул се одржа турско-украински Бизнис форум на кој се состанаа турските и украинските инвеститори

1250188
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во посета на Истанбул
Vladimir Zelenskiy-Ruhsar Pekcan.jpg
Vladimir Zelenskiy istanbul.jpg
ruhsar pekcan.jpg

Украинскиот претседател Владимир Зеленски кој вчера престојуваше во посета на Анкара денеска оствари средби и разговори во Истанбул.

Со учество на украинскиот претседател Зеленски и министерката за трговија Рухсар Пекџан во Истанбул се одржа турско-украински Бизнис форум на кој се состанаа турските и украинските инвеститори.

Претседателот Зеленски во говорот што го одржа овде односите помеѓу Турција и Украина ги дефинира како политика „Вин-вин“ („Добивај-добивај“) и нагласи дека вратите на неговата земја се отворени за турските фирми, особено во градежниот сектор.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан истакна дека Украина пружа значајни можности за турските претприемачи и рече: „Турските градежни фирми до денеска во Украина имаат реализирано проекти во износ од 5,9 милијарди долари. Украина е во нов атак на инвестирање. Нашите турски фирми ќе чувствуваат задоволство од придонесот во растот, развојот и растот на нивото на просперитет на Украина. Ќе ги поддржуваме и ние.“

Помеѓу Турција и Украина се има за цел да се оствари трговски обем во износ од 20 милијарди долари.

По состанокот на турско-украински Бизнис форум, украинскиот претседател Владимир Зеленски ја посети грчката патријаршија во Фенер. 

Овде Зеленски одржа средба со патријархот Бартоломеј која беше затворена за медиумите и траеше приближно 1,5 часа.



Слични вести