Ердоган на прес конференцијата со Зеленски: Турција не ја признава и нема да ја признае незаконската анексија на Крим

Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес конференција со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Анкара истакна дека Турција не ја признава и нема да ја признае незаконската анексија на Крим

1249691
Ердоган на прес конференцијата со Зеленски: Турција не ја признава и нема да ја признае незаконската анексија на Крим

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера вечер во претседателската палата Куллијето, во Бештепе, во Анкара, одржа заедничка прес конференција со украинскиот претседател Владимир Зеленски кој допатува во официјална посета на Турција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека Турција не ја признава и нема да ја признае незаконската анексија на Крим.   

„Турција не ја призна и нема да ја признае незаконската анексија на Крим“ - рече Ердоган и го подвлече следното: „Продолжувањето на присуството на нашите сонародници во нивната татковина Крим, заштитата на нивниот идентитет и култура, земањето под гаранција на нивните фундаментални права и слободи ќе продолжи да претставува наш приоритет.“ 

Украинскиот претседател Владимир Зеленски му се заблагодари на претседателот Ердоган за политиката на Турција по прашањето со Крим и рече: „И благодарам на Турција поради непроменливиот став по прашањето на територијалниот интегритет на Украина.“

Зеленски, ја окарактеризира Турција како добар сосед, искрен пријател и значаен стратешки партнер на неговата земја и напомена дека им придаваат големо значење на односите со Турција.

Освен тоа, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече: „Го поканувам турскиот деловен свет во Украина. Би можел да ви дадам гаранција во мое лично име за да работите слободно.“



Слични вести