Во операција кај градот Хаќќари неутрализиран баран терорист на ПКК од категоријата со сива боја

Во операција во руралното подрачје на Јуксекова кај градот Хаќќари во југоисточниот дел на земјата, е неутрализиран терористот Миктад Орде со кодно име „Харун“ кој се наоѓаше во списокот на барани териористи означен со сива боја

1249309
Во операција кај градот Хаќќари неутрализиран баран терорист на ПКК од категоријата со сива боја

Во реализирана заедничка операција од страна на градската Команда на жандармеријата, градската Управа на полицијата и на Националната разузнавачка служба (МИТ), кај градот Хаќќари во југоисточниот дел на земјата, е неутрализиран терористот Миктад Орде со кодно име „Харун“ кој се наоѓаше во списокот на барани териористи означен во категоријата со сива боја.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспостваување на внатрешната безбедност вчера во вечерните часови во руралното подрачје на населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари, беше реализирана заедничка операција од страна на жандармеријата, полицијата и Националната разузнавачка служба (МИТ).

Во операцијата е неутрализиран терористот Миктад Орде со кодно име „Харун“, кој се наоѓаше во списокот на барани териористи означен во категоријата со сива боја и за кого беше распишана награда од 300 илјади турски лири (околу 55 илјади долари).

Освен тоа во рамките на операцијата, е фатен и еден осомничен кој му помагал и пружал уточиште на терористот Миктад Орде.



Слични вести