Турција жестоко ја осуди одлуката на Израел за изградба на нови станови на Западниот Брег

Во соопштението на МНР се нагласува следното: Израел со одобрување на изградбата на повеќе од 2.300 нови станови во илегалните населби на Западниот Брег кој го држи под окупација од 1967 година, продолжува да ги узурпира правата на палестинскиот народ

1249427
Турција жестоко ја осуди одлуката на Израел за изградба на нови станови на Западниот Брег

Турција жестоко ја осуди одлуката на Израел со која се одобрува изградбата на нови станови за еврејските доселеници во окупираниот Западен Брег.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека Израел со одобрување на изградбата на повеќе од 2.300 нови станови во илегалните населби на Западниот Брег кој го држи под окупација од 1967 година продолжува да ги узурпира правата на палестинскиот народ.

„Жестоко ја осудуваме оваа нелегална политика на Израел. Израел, со неговата политика на проширување на незаконските населби продолжува отворено и немарно да го прекршува меѓународното право. Ја негираме оваа примена на Израел со која се има за цел да се елиминира перспективата за решение со две држави и доведување во трајна состојба на окупацијата, повторуваме дека постојано ќе бидеме покрај братскиот палестински народ и праведната кауза на Палестина.“ - се подвлекува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција. 

 



Слични вести