Претседателот Ердоган водеше телефонски разговор со пакистанскиот премиер Имран Хан

Во телефонскиот разговор пакистанскиот премиер Имран Хан го информира претседателот Ердоган во врска со последните случувања по прашањето на Кашмир

1248316
Претседателот Ердоган водеше телефонски разговор со пакистанскиот премиер Имран Хан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа водеше телефонски разговор со пакистанскиот премиер Имран Хан. 

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на кабинетот на претседателот, пакистанскиот премиер Имран Хан го побара претседателот Ердоган за да го информира во врска со последните случувања по прашањето на Кашмир помеѓу Пакистан и Индија. 

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор ги повика страните за зајакнување на процесот на дијалог.

Инаку, Индија го укина уставниот член со кој што и се признава специјален статус на сојузната држава Џаму и Кашмир, спор кој што продолжува долги години помеѓу Индија и Пакистан, а со што се укинува специјалниот статус на овој спорен регион и индиска сојузна држава.



Слични вести